Веста содржи сатирични елементи

ДУИ го брани Артан Груби и покрај критиките

Артан Груби, поранешниот вицепремиер и висок функционер на ДУИ, не побегнал од Македонија, туку се наоѓа на „албанските простори“, изјави лидерот на партијата Али Ахмети за косовските медиуми. Според него, Груби е подготвен да се појави пред органите на правдата, но само пред судски процес кој не е „одмазднички или селективен“.

Ахмети нагласи дека Груби се одмора од интензивниот притисок. „Не е лесно да се издржи постојаното внимание и папараците. Тој се повлече за да се фокусира на себе, а моментално ја спрема и својата одбрана пред надлежните органи во Македонија“ рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ го потенцираше товарот и стресот што го носи една ѕвезда како Артан Груби во Македонија и повика на разбирање од јавноста

ДУИ останува во одбрана на својот функционер

И покрај контроверзите, ДУИ го поддржува Артан Груби и се противи на каква било осуда пред правосилна пресуда.

Меѓутоа, оваа поддршка се толкува како знак на слабеење на партијата. Јавноста и аналитичарите сметаат дека ДУИ со вакви потези дополнително ја губи довербата, особено во контекст на неодамнешните обвинувања за корупција и злоупотреба на службената положба во редовите на партијата.

Јавноста бара транспарентност и отчетност, но однесувањето на партијата остава впечаток на „слепа лојалност“. Во овој контекст, аналитичарите ја опишуваат позицијата на ДУИ како „ризична“, потенцирајќи дека со секој ваков потег, партијата дополнително „тоне“ во очите на гласачите.

Ахмети во Косово: Ветераните на ОВК како приоритет

Изјавите на Ахмети беа дадени за време на неговата посета на Косово, каде што учествуваше на прием организиран од Рамуш Харадинај за ветераните на ОВК. Иако настанот беше формален, Ахмети се осврна на прашањата поврзани со неговиот партиски колега, ставајќи акцент на „неправедноста“ во судските постапки.

 

Изјавите на Али Ахмети се измислени, но тој навистина потенцираше дека Артан Груби не побегнал и дека ќе се врати доколку се соочи со вистинска правда, а не одмазда