Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети во видео обраќање од седиштето на партијата во Мала Речица информираше дека Бујар Османи, актуелниот министер за надворешни работи ќе биде кандидат за претседател од ДУИ.
– Бујар да ја води оваа промена што ја бараме и во нашите програми за 2016 и 2020 година. Бујар се докажа на внатрешна и меѓународна сцена и придонесе во битката против Русија и беше дел од промената на Уставот и почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Со Бујар го започнуваме најважниот референдум на нашето време и следната битка за да ја добиеме Вашата доверба за да го избереме Претседателот во Собрание со двотретиско мнозинство и со Бадинтерово мнозинство, за да ја оствариме нашата визија за Консенсуален Претседател, рече Ахмети.