Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети, денеска оствариле средба во Собранието. Како што брифираат извори од ВМРО-ДПМНЕ, полчасовната средба се одржала на барање на Ахмети.
Тема на разговор било прашањето околу четврточното гласање за доверба на Владата на СДСМ/ДУИ, за што до собранието беше поднесена иницијатива потпишана од 61 пратеник.
Претходно Ахмети во Собрание се сретна и со Заев.