Откако опозицијата, заедно со владејачката Беса, објави дека има ново мнозинство, Ахмети синоќа порача дека, во консултации со стратешките партнери, ќе делуваат без емоции и еуфорија.
Инаку, целиот заплет настана откако Државната изборна комисија ги прифати приговорите на ДУИ за прегласување во Желино, каде со тесен резултат победи кандидатот на БЕСА, која потоа одлучи да се приклучи на иницијативата за изгласување на недоверба на владата.