– Тогаш дел од македонските медиуми и политичари го разбраа тоа како провокација. Пишуваа и говореа дека планирам да ја кантонизирам Македонија. Еве сме денес, 2021, 20 години подоцна, Македонија е членка на НАТО, и денес зборувам да ја направам Македонија подобра земја за сите граѓани. Да имаме подобро образование, подобро здравство за сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци и сите…, посочи Ахмети.