Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера од Теарце порачал дека пред граѓаните има две опции: опција за интеграција и опција за стоење во место.
-На 8 мај ќе се реши дали ќе одиме кон интеграција или ќе седнеме на каучот. Мирна Европа не може да постои без просторите на Западен Балкан. Времето и историјата докажаа дека мирот, стабилноста и безбедноста се стабилни кога триумфираат на големи простори, во многу земји и држави. Ни посведочија многу европски личности, ако го направивте очекуваниот чекор, менувајќи го Уставот во рок од четири години, вие ќе бидете членки на Европската унија. Гледам дека отпорот е голем, патриотски отпор од македонската опозиција, дека наводно се продаваат националните интереси и дека македонската нација е во опасност од асимилација и отуѓување. Зошто ја пренесуваат оваа застрашувачка порака до другите народи, зошто го доведуваат во прашање сопствениот национален идентитет. Македонецот е Македонец, Бугаринот е Бугарин, Албанецот е Албанец, рекол меѓу другото претседателот на ДУИ.