Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и на коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ), Али Ахмети, изјави дека неговото повлекување од политиката е „непотребно“, посочувајќи дека излегол како победник на неодамнешниот прв круг од изборите.
Во своето обраќање, Ахмети ја спореди коалицијата ВЛЕН со „Здружение Газиместан“, велејќи дека губитниците тврдат дека се победници. Според него, коалицијата НАИ освоила 114.760 гласови и вкупно 159 советници, додека ВЛЕН добила 91.849 гласови и 122 советници.
„Секојдневно тврдат дека ги добиле изборите, не само овие, туку и претходните, а всушност се големи губитници“, рекол Ахмети, кој го повторил ставот на НАИ за одржување предвремени парламентарни избори.
