Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) вечерва кампањата за локалните избори ја продолжи од Долнени во Пласница, каде го претстави кандидатот за градоначалник на Пласница, Алија Јаоски и листата на советници.
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети пред жителите на Пласница истакна дека изборната платформа на неговата партија се базира на Зелената агенда која гарантира подобар квалитет на животот за сите граѓани на Пласница.
„На оваа 20 -годишнина, Охридскиот договор ги стави сите заедници на еднаква основа, воведе мир во оваа земја. Постигнато е сите граѓани да бидат господари во своето тло. Оваа поддршка, која доаѓа речиси две децении, е резултат на фер проценка на Албанците, Турците, Бошњаците, Ромите, затоа што ве поканивме сите да живееме достоинствено и еднакво.
Секое мое дело го направив со голема одговорност. Се обидов да бидам реален, работев со цело срце и со ладна глава. Никој не веруваше дека во оваа земја ќе се постигне заедниците да се разбираат меѓу себе, има уште многу работа, дали има предрасуди, се разбира дека има. Оваа земја наскоро ќе биде дел од ЕУ и верувам дека оваа земја има капацитет да ги
придвижи работите напред. Денес сме со нова агенда, многумина имаше дилеми, но ние излеговме со оваа платформа. Значи, оваа платформа е живот, таа е за свеж воздух. На Алија Јаоски како кандидат за градоначалник, ние ќе му стоиме блиску и мора да го поддржиме и да излеземе со бел образ, нагласи Али Ахмети.