Претседателот на ДУИ Али Ахмети на терен во Тетово под мотото „Заедно за ЕУ“ упати порача дека бил и секогаш ќе биде ангажиран во одбрана на каузата на Македонците.
-Јас сум бил, сум и секогаш ќе бидам ангажиран во одбрана на каузата на нашите сограѓани Македонци, нивниот идентитет, јазик и култура – рече Ахмети.
Тој додаде дека токму затоа сега сакаат да отворат нова сцена, проевропски фронт, што го забрзува нашето членство во Европската Унија.
-Овој фронт е помош што го забрзува нашиот пат кон ЕУ, кој мобилизира кон уставни измени. Овој фронт мора да работи и за нашите македонски сограѓани – порача Ахмети.