Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по повод Божиќ упати честитка до православните верници.

– Во овие празнични моменти кои ги доживувате со вашите најблиски по повод празникот Божиќ, ви ги пренесувам моите искрени желби за здравје, мир, бериќет и бескрајна добрина во вашите домови. Нека секогаш е подадена раката на милосрдието, помирувањето и помошта еден кон друг, се вели во честитката од Ахмети.