Тој апелира до граѓаните да покажат и демонстрираат дека се обединети на 31 октомври.
– Ве повикувам уште еднаш да се сплотиме за нашето Кичево и на 31 октомври сите патишта да не носат дома – вели Ахмети.
Во Кичево по првиот круг, Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ освои односно 38,4 отсто од гласовите, а Дехари 37,3 отсто и тие се борат во вториот круг.
Трет на листата беше Фатмир Лимани, независниот кандидат кој инаку е внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Лимани освоил 4.527 гласа или 19,76 отсто од гласовите.