Од синџирот маркети каде што се продава овој производ преку соопштение на Фејсбук ги повикаа своите купувачи доколку го купиле овој производ, истиот да го вратат во нивните маркети, по што ќе им биде надоместен целиот износ. Поради овој пропуст, додаваат оттаму, повеќе нема да соработуваат со оваа млекара

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека од продажба се повлекува небезбедно трајно млеко „Милкано“ со 3,2 отсто масленост поради присуство на афлатоксин М1.

Агенцијата во соопштението ги повика потрошувачите кои го имаат купено овој производ со конкретен сериски број, истиот да не го консумираат и да го вратат на местото од каде што гo купиле.

„УХТ Трајно млеко, „Милкано“ 3,2 отсто масленост
Сериски број/лот- LOT FD04
Датум на производство: 05.10.2022
Рок на употреба: 04.03.2023
Причина за отповикување: присуство на афлатоксин М1
Производство: Mлечна индустрија ми 99 – Градачац, Босна и Херцеговина, со одобрен број ml 2-166
Увозник: Стокомак ДОО Скопје
Дистрибутер: Стокомак ДОО Скопје“,се наведува во соопштението на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од синџирот маркети каде што се продава овој производ преку соопштение на Фејсбук ги повикаа своите купувачи доколку го купиле овој производ, истиот да го вратат во нивните маркети, по што ќе им биде надоместен целиот износ. Поради овој пропуст, додаваат оттаму, повеќе нема да соработуваат со оваа млекара.

„Воедно, ве информираме дека останатите датуми од овој производ како и останатите ‘Милкано’ производи не се спорни во овој случај“, се наведува во соопштението од маркетот.