Со се поголемата употреба на ChatGPT и слични алатки со вештачка интелигенција, многу луѓе ги користат за пишување е-пошта, прибирање информации или дури за донесување деловни одлуки. Но експертите за сајбер безбедност предупредуваат дека AI не е безбедна зона за доверливи информации.
„Ако не би ги споделиле тие податоци со случаен минувач, зошто би ги внесувале во chatbot?“ велат тие.
Податоци кои никогаш не треба да ги внесувате во AI
Лични податоци – име, презиме, адреса, матичен број, број од лична карта или пасош. При креирање CV користете офлајн шаблони.
Финансиски информации – број на картичка, банкарска сметка, PIN или лозинки. Користете измислени примери за тестирање.
Лозинки – не се за споделување ниту со луѓе, ниту со алгоритми.
Интимни и чувствителни информации – приватни детали за себе, семејството или други лица. AI не е психотерапевт.
Професионални и деловни податоци – договори, деловни планови, прототипи, интерни документи. Многу компании веќе го забраниле користењето на AI на службени уреди.
Експлицитна или ризична содржина – провокативни прашања, шеги со закани или насилство можат автоматски да бидат пријавени.
Медицински информации – дијагнози, резултати од тестови или конкретни лекови; прашајте општо, на пример: „Кои витамини се препорачуваат за мажи над 40 години?“