На ул.„Боемска“, информираа денеска од МВР, бил лишен од слобода и С.Г.(25) од Скопје, кој управувал патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, затоа што при преглед и кај него е пронајден кокаин, а поради управување на возило под дејство на алкохол и наркотични супстанци, тој бил исклучен од сообраќај и изречена му е соодветна санкција.

– На истата улица се лишени од слобода и А.А.(24), Б.И.(20) и О.А.(23), сите од Скопје, кои се превезувале со патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, бидејќи при преглед биле пронајдени нож и дрвена палка. И кај нив биле констатирани сообраќајни прекршоци, кои биле соодветно санкционирани. Лицата се приведени и предадени на Полициска станица Центар и по документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, се појаснува во соопштението од МВР.