-Во кафе бар на булевар „1 Мај“ во Битола, констатирани се неправилности од страна на Државен пазарен инспекторат односно се затекнати четири лица без ковид сертификат, а регистрирано е и точење алкохолни пијалаци на 17 малолетници, соопшти СВР Битола.

Инспекциските служби изрекле соодветни санкции.