Судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжи денеска во големата судница на Кривичниот суд во Идризово со сослушување на оштетени и сведоци.
Судијката ги предупреди родителите од Кочани
Имено, судијката Дијана Груевска се обрати до семејствата на жртвите и ги повика на ред и дисциплина во судницата.
„Неколку пати досега се случува да се наруши редот, што ни го отежнува спроведувањето на постапката по закон. Сите обвинети имаат право на браниители, тоа е законско и уставно право, и вие утре ако имате потреба од адвокат, кај овие луѓе ќе се јавите“, рече судијката.
Имено таа потенцира дека досега има судено и други предмети, вклучувајќи го и случајот „Дурмо Турс“, каде родителите на присутните биле крајно коректни.
Исклулување од судењето?
„Доколку се случи уште едно нарушување на редот, ќе бидете исклучени од судењето“, предупреди судијката.
Таа додаде дека „сите обвинети се сметаат за невини додека не се донесе конечна судска пресуда“.
