За д-р Дивна Алачка, е несфатливо како можела Комисијата да утврди дека Јана починала од миокардитист, или слабост на срцевиот мускул, а при тоа шест месеци откако ја прележала короната, да биде без симптоми. Комисијата за стручен надзор формирана да го испита случајот со шестгодишната Јана, денеска го комлетира извештајот. Во него стои дека лекарите ги презеле соодветните чекори. Како причина за смртта на Јана извештајот укажува на „мускулно-воспалителна реакција со покачени вредности на креатин киназа и креатин киназа MB, во рамки на вирусен инфект кој го зафатил и срцевиот мускул со покачена вредност на срцевиот ензим-тропонин“, пренесува Фокус.
Дали се ова ковид компликации и зошто се манифестирале одеднаш без никаква најава, разговаравме со докторката Алачка која е специјалист по општа медицина и субспецијализација по итна медицина. Д-р Алачка има 30 години пракса во Шведска, каде се пензионирала. Таа се сомнева дека сепак има лекарска грешка во постапувањето со Јана.
Таа прашува дали Комисијата ја префрла со ова одговорноста на матичниот лекар, кој не приметил дека евентуално нешто не било во ред со срцето.
-Значи Јана одела шест месеци после короната со микардитис (воспаление на срцев мускул) без симптоми што можеле да укажат на тоа и по некоја случајност умира во рок од два саати баш кога и даваат сосема непотребна инфузија и тоа без да и се даде калиум и натриум. Значи тоа не било акутен миокардитис, туку хроничен, а тој дава многу јасни симптоми на слабо срце. Детето не ќе можело да оди шест месеци со слабо срце, задишување, отоци на нозете, аритмии, намален апетит, не може да ги следи другарчињата во игрите и други работи без родителите или другите да го приметат тоа. И од хроничен миокардитис не се умира за дба саати и тоа (каква случајност) додека и даваат инфузија – вели докторката.
Таа појаснува дека тропонинот 1 кој би со покачени вредности во нејзините крвни анализи, е маркер за срцев инфаркт.
-Велат дека тропонин 1 бил зголемен. Може е точно, ама тогаш значи дека докторите не препознале инфаркт и не и дале адекватна терапија за инфаркт. Значи пак е грешка како и да вртиш. Ама тропонинот секако бил зголемен бидејќи тие и предизвикале инфаркт со тоа што и го намалиле калиумот со гликозата. А калиумот под 3 дава инфаркт, исто и намален натриум. При давање на гликоза при хипергликемија дава едем на мозок. Не може да дадеш гликоза без да имаш контрола на NA I K+, вели докторката.
Според неа хроничен миокардитис поминува со благи симптоми и се лечи спонтано, односно телото само се изборува.
– Хроничен миокардитис поминува со благи симптоми и се лечи спонтано, значи телото само се изборува. А ако јана дошла со слика на акутен, ургентен миокардитис, тогаш сликата на пациентот е иста како и кај слабо, проширено срце. Во тој случај се хоспитализира пациентот и се испитува понатаму со CT и MRT на срце, а никако не му се дава инфузија одма
-А ако Јана дошла со слика на акутен, ургентен миокардитис, тогаш сликата на пациентот е иста како и кај слабо, проширено срце. Во тој случај се хоспитализира пациентот и се испитува понатаму со CT и MRT на срце, а никако не му се дава инфузија одма – појаснува др. Алачка.
Таа вели дека, со оглед на информациите што семејството ги сподели со јавноста, Јана не била дехидрирана, туку имало прв настап на дијабетис, што се покажало и во крвните анализи кои кажуваат дека при приемот во болница шеќерот и бил 9, а по примената инфузија се качил на 19. Во овој момент, докторите требало да се справат со нејзината хипергликемија.
-Штом шеќерот бил 9 или над таа вредност, веднаш требале докторите да се посомневаат на дијабет, без оглед што не е мерен на гладно. Кај нас не знаат друго освен инфузии и дијазепами. Во случајот со Јана требало да и се даде Рингер ацетат или NaCL, натриум хлорид – посочува таа.
За потсетување, неколку дена пред случувањата во битолската болница, Јана имала симптоми на вироза. Ја болеле нозете и стомачето, имала лесно покачена температура. Симптомите и се влошиле со повраќање деновите пред да побараат помош во болницата.
-Тие симптоми укажуваат дека не е во прашање само вирус. Кога го однеле во болница, детето било во добра витална состојба. Оди само, контактибилно е и свесно, адекватно реагира. Штом инфузијата протекла почнала да се жали на болки во стомакот, главата. Јана може била дехидрирана, ама тоа било така најверојано од хипергликемијата. Кога и дале инфузија со гликоза, дехидратацијата се продлабочила и истовремено настанува хипокалиемија што дава инфаркт на срце. Таа состојба се вика хиперосмоларен синдром. Може да се развила и кетоацидоза ама тогаш ќе се осетел мирис на ацетон во нејзиниот здив. Во секој случај инфузијата е грешка. Прво детето воопшто не било животно загрозено за да се брза со било каква инфузија. Второ, гликозата е погрешна терапија при хипергликемија. Требало да и дадат обична рингер со мала доза инсулин и да следат вредности на натриум, калиум, анализи на бубрези и крвни гасови – посочува Алачка.