Ленин Јовановски од „Слобода Превоз“ кажа дека остануваат на своето барање и очекуваат да бидат повикани од страна на премиерот Димитар Ковачевски.

Јовановски кажа дека останува опцијата за протести доколку не се најде решение ниту по средбата со премиерот на Република Македонија.

-Ние остануваме на нашето барање и очекуваме премиерот да нè прими каде што ќе ги изнесеме сите докази и факти и грааните мора да бидат известени од највисокиот државен орган за тоа што се случува во јавниот превоз“, кажа Јовановски.