Проектот за интерконекторот кон Грција ВМРО-ДПМНЕ го потпиша уште во 2016 година, а пари за проектот беа обезбедени во 2017 година, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека СДСМ тогаш наместо да продолжат со реализација тие неосновано го запреле.

– Доколку СДСМ имаше малку капацитет за реализација на стратешки проекти, сега цела држава ќе имаше гас, во секој град, во секое село.м По 5 години државата не е ниту еден чекор напред, туку назад. Време е тоа да се промени. Избори што побргу, додаваат во партиското соопштение.