ДИК спроведува акредитација за набљудувачи за локалните избори закажани за 19 октомври, со рок за пријавување до 8 октомври
Согласно Роковникот за локалните избори 2025, во тек е акредитација на набљудувачи за набљудување и известување од изборите закажани за 19 октомври. Досега за набљудување на изборите е акредитиран само Младински културен центар Битола. Како прво домашно здружение кое добило одобрение за следење на процесот.
Рокот за барање за акредитација на набљудувачи започна со денот на распишување на изборите. Ќе заврши десет дена пред денот на гласањето, односно на 8 октомври во 24.00 часот. Сите домашни здруженија и странски организации, кои се регистрирани согласно закон. Најмалку една година пред одржување на изборите и во чиј статут е предвидена заштита на човекови права. Како и меѓународни организации и претставници на странски земји. Вклучително и претставници на медиуми, можат да поднесат барања за акредитација на набљудувачи.
Подносителите на барањата за следење на изборите треба да достават Барање за регистрација на набљудувачи на изборен процес. Претставниците на странските медиуми доставуваат Формулар за акредитација на медиуми. Двете форми се достапни на веб-страницата www.sec.mk и се неопходни за успешна пријава.
Домашните здруженија и странски организации, покрај Барањето, треба да достават и копија од статут на здружението. Копија од регистрација пред надлежен орган. Список на набљудувачи и копии од документи за идентификација на предложените набљудувачи.
Меѓународните организации и претставниците на странски земји, покрај Барањето за набљудување, мора да приложат и список на набљудувачи со копии од документи за идентификација на сите предложени лица.
Претставниците на странските медиуми, покрај Формуларот за акредитација на медиуми, доставуваат и список на новинари, сниматели, фоторепортери, како и копии од документи за идентификација на сите вклучени.
Претставниците на медиумите од Република Северна Македонија не подлежат на процес на акредитација.
Барањата со сите потребни прилози се испраќаат на електронската адреса observers@sec.mk најдоцна десет дена пред денот на гласање, односно до 8 октомври 2025 година до полноќ.
Државната изборна комисија ќе издаде овластувања за акредитација на набљудувачи на сите подносители кои ќе ги исполнат условите најдоцна седум дена по приемот на барањето.