Активен е пожарот кај селото Дебреше, гостиварско, додека друг пожар кај Куманово е изгаснат
Активен е пожарот кај селото Дебреше, гостиварско, каде што гори ниска вегетација, соопшти Центарот за управување со кризи. Според информациите на ЦУК, во државата имало уште еден пожар на отворен простор, кај Циглана во општина Куманово, каде била опожарена ниска вегетација. Пожарот во Куманово е изгаснат.