Собранието вчера работеше по нова 71 седница, за која, и по целодневна расправа, сè уште не беше утврден дневниот ред. За збор беа пријавени 37 пратеници од опозицијата, а седницата продолжува денеска во 12 часот.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, утрово преку соопштение велат дека активната блокада е ефективна, откако СДСМ не го поддржа законот за АРМ предлог на ВМРО-ДПМНЕ, не можеа да донесат ниту дневен ред, додаваат оттаму.
-СДСМ и ДУИ вчера се ставија против армијата и не го поддржаа законот за АРМ предлог на ВМРО-ДПМНЕ со кој им се подобрува статусот на припадниците на армијата.СДСМ и ДУИ работат на штета на војската и ги манипулираат војниците.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ откако не помина овој закон во текот на целиот ден спроведоа активна блокада со што оневозможија едноумие на СДСМ и ДУИ, кое има за цел само личен бенефит на поединци, но не и на народот.Активната блокада продолжува и денес. ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на се што не е во полза на граѓаните и на се што не е нужно за државата, а значи оптеретување на буџетот или полза на СДСМ и ДУИ, стои во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ го повика Ковачевски да се охрабри и да се спроведе дијалог за предвремени парламентарни избори, бидејќи, како што вели опозицијата, избори се потребни час поскоро.