Борбата со пожарите на отворен простор продолжува. Пожарникарите веќе 38 ден се без одмор и според информациите на Центарот за управување со кризи, последен ден без ниту еден активен пожар на територијата на државата е 8-ми јули.

Само во август биле изгаснати 370 пожари на отворен простор низ целата држава. Во земјава уште неколку нови шумски пожари. Два од нив биле предизвикани од удари на гром. Новите пожари се на Галичица, планината Лубин кичевско, Клепало во беровско и Чупино Брдо во кривопаланечкото село луке. Се гаснат со хеликоптери, специјализирани тимови и волонтери за да се стават под контрола. Во моментов активни се 12 пожари, а 6 се под контрола.