Бројот на активни случаи во државава изнесува 13.008 од кои најголем број 5798 се во Скопје. Во Тетово има 1051 активен случај, во Куманово 914, во Струга 656, во Охрид 653, во Гостивар 569, во Струмица 511, во Кичево 480… Според вчера објавените податоците од Институтот за јавно здравје, при направени 4.384 тестирање, регистрирани се 561 случај со Ковид-19, 29 починати и 507 оздравени пациенти.
Вакцинацијата против Ковид-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со средата и во текот на вчерашниот ден, вакцинирани се вкупно 767.652 граѓани. Прва доза вакцина во средата и во четвртокот примиле 3.407 граѓани, а вкупно се вакцинирале 22.581 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.435.392 дози вакцини, а ревакцинирани се 667.739 граѓани, соопшти Министерството за здравство.
Со последните бројки 55 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30 отсто од населението над 18 до 39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, информираат од Министерството.