Активни пожари во Македонија
Активни пожари во Македонија се евидентирани на две локации до 08:00 часот утрово, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во земјава вкупно биле пријавени 21 пожар, од кои два се активни, еден е под контрола, а 18 се изгаснати.
Првиот активен пожар е во Општина Велес, на подрачјето кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, каде што гори мешана шума. Пожарот се шири на терен со природна вегетација, што го отежнува неговото локализирање.
Вториот активен пожар се наоѓа во Општина Македонски Брод, во реонот помеѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина, каде што е зафатена деградирана дабова шума, како и грмушки и ниска вегетација.
Пожарот во селото Николиќ под контрола со поддршка од Ер трактори
Пожарот што избувна во селото Николич во Општина Дојран е ставен под контрола, информира ЦУК. За негово гасење, вчера беа ангажирани и два противпожарни авиона Ер трактор, со што беше овозможено стабилизирање на ситуацијата и спречување на понатамошно ширење на огнот.
Екипите на терен остануваат мобилизирани со цел навремено следење на состојбата и интервенција доколку има повторно активирање или појава на нови пожари.