На ден 05.10.2026 година, до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 60 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни, 2 се под контрола, а 52 пожари се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.
Активни – 6:
Општина Студеничани – помеѓу с. Драчевица и с. Цветово, м.в. Калдиред (ниска вегетација);
Општина Дебар – м.в. Над Боровите – крак према с. Татар Елевци и Кораб и крак кон с. Бањиште (смреки, папрат и трнливи грмушки);
Општина Чашка – с. Јаболчиште, м.в. Биков Гроб (шума и ниска вегетација);
Општина Липково – с. Матејче (борова шума);
Општина Липково – с. Стрима (борова шума);
Општина Тетово – над Боговинско Езеро на Шар Планина (пасишта).
Под контрола – 2:
Општина Центар Жупа – с. Џепиште – Центар Жупа (сува трева и нискостеблеста шумска вегетација);
Општина Гевгелија – с. Миравци (мешана шума).
