На територија на државава, според информациите од Центарот за управување со кризи, активни се шест пожари, а три се ставени под контрола.
Активни се пожарите кај селото Марвинци во општина Валандово, кај селото Ајватовци во општина Илинден, кај селата Црнилиште и с. Долгаец во општина Долнени, кај селото Живиње во општина Куманово, кај селото Липково во истоимената општина и кај селото Никуштак, исто така во општина Липково.
Под контрола се три пожари и тоа на планината Кожуф, на Јасен, како и пожарот кај Вардариште.
Центарот за управување со кризи информира дека до 18 часот регистрирани биле вкупно 16 пожари од кои седум се изгаснати.