Вонредни инспекции низ целата држава
Агенцијата за храна и ветеринарство спроведе засилени инспекциски контроли низ целата земја пред велигденските празници. Беа уништени 1.230 килограми небезбедна храна. Меѓу уништените производи се најдоа месо, јајца, мед, ракија и маслиново масло – некои од најбараните производи во овој период.
Проблематични производи најдени во 350 надзори
Инспекторите на АХВ во изминатите денови извршија 350 надзори кај оператори со храна. Целта е да се спречат продажба на небезбедни прехранбени производи. Во неколку случаи биле откриени преработки од месо што не смееле да бидат ставени во промет, како и производи со истечен рок или неправилно складирани.
АХВ спроведува вонредни засилени контроли пред Велигден
Изречени казни и наредби за отстранување на неправилности
Поради утврдените прекршувања, изречени се парични казни во вкупен износ од 3.650 евра и издадени се 22 решенија со наредби за итно отстранување на недоследностите. АХВ апелира до граѓаните да пазаруваат исклучиво од одобрени и регистрирани оператори, кои се под редовна инспекциска контрола.
Апел до граѓаните за внимателно купување
Од Агенцијата дополнително предупредуваат граѓаните да обрнат внимание на декларациите на производите, рокот на траење и температурниот режим на чување, особено кај леснорасипливите производи кои може да претставуваат здравствен ризик.
АХВ продолжува со засилени контроли
Во последните неколку месеци, АХВ уништи значајни количини небезбедна храна. Инспекциите опфатија маркети, ресторани, киосци и дисконтни продавници низ целата држава, а повторно беа детектирани сериозни неправилности, особено кај храна со поминат рок и без соодветно складирање.