Македонските активисти Едмонд Темелко, претседател на друштвото „Преспа“, и Елена Симонофски, претседателка на здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, поделија новогодишни пакетчиња за македонските деца во Албанија, со цел, како што велат, „да внесеме радост и насмевки кај најмладите Македончиња за време на празниците“.
АКЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ДЕЦА ВО АЛБАНИЈА
Акцијата денеска беше реализирана во селата Туминец и Горна Горица, во Општина Пустец, каде на децата им беа врачени новогодишни пакетчиња.
„Денеска ги посетивме Туминец и Горна Горица, каде со многу љубов им поделивме пакетчиња на децата и календари со знакот на ВМРО-ДПМНЕ Албанија. Насмеани лица, топли прегратки и извикување „Среќна нова Година!“ – тоа е нашата сила“, напиша Темелко на Преспа, додавајќи дека „заслужува повеќе и токму со љубов, посветеност и конкретни дела, ќе продолжиме да го градиме тоа повеќе“.
Претходно, македонските активисти престојувале во областа Голо Брдо, каде што на децата од неколку села им подарија новогодишни пакетчиња.
„На радоста на децата ѝ немаше крај, а нивната насмевка за нас беше најголемиот поттик да продолжиме со вакви и слични активности, со кои Македонците во оваа област ќе почувствуваат дека не се заборавени“, изјави Темелко за МИА по посетата на Голо Брдо.
Тој најави дека активностите ќе продолжат, а вечерва, во организација.
АКЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ДЕЦА ВО АЛБАНИЈА
