Саудискиот прволигаш Ал Хилал покажува голем интерес за италијанскиот фудбалски стратег Масимилијано Алегри.
Откако стратегот на Јувентус ја одби првата понуда, Саудијците го зголемиле износот. Како што јави Раи Спорт, Алегри со претставниците на Ал Хилал остварил средба во Монте Карло каде му бил понуден тригодишен договор вреден 30 милиони евра, плус бонус од 10 милиони евра веднаш по потпишување на договорот.
Засега не е познато како 55 – годишниот италијански тренер одговорил на последната понуда на Ал Хилал.