Терористичката организација Ал Каеда повика на напади врз амбасадите на Шведска и Данска ширум светот како и на убиство на скандинавските дипломати. Оваа реакција следува откако изминатите месеци беа запалени неколку копии од Куранот во двете скандинавски земји.

– Ќе најдеме правен инструмент кој ни овозможува да го спречиме палењето на Куранот пред странските амбасади, изјави данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен.

Во меѓувреме, шведскиот премиер Улф Кристерсон наведе дека Владата „веќе почнала да ја анализира правната ситуација, вклучително и Законот за јавен ред со цел да го истражи опсегот на мерките што ќе ја зајакнат националната безбедност“.

Копии од Куранот гореа минатиот месец  се во Шведска и во Данска, предизвикувајќи осуда од муслиманскиот свет.

Минатиот месец шведската амбасада во Багдад беше нападната од демонстранти, откако беше запален Куранот во Стокхолм – при што наското беше протеран  шведскиот амбасадор.