Роналдо се наоѓа на рехабилитација во клупскиот тренинг-центар

Саудискиот фудбалски клуб Ал Наср вечерва демантираше дека португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо ја напуштил Саудиска Арабија со својот приватен авион по иранскиот напад со беспилотни летала врз американската Амбасада во Ријад.

Добро информираниот новинар Фабрицио Романо, исто така, ги означи како неточни информациите дека Роналдо заедно со семејството се вратил во Мадрид.

„Станува збор за лажна вест. Роналдо се наоѓа во клупскиот тренинг-центар на Ал Наср и е на терапија по проблемите што ги имаше на последниот натпревар“, објави Романо.

Клубот потврди дека Роналдо претрпел повреда на тетивата за време на мечот против Ал-Фајх. Тој веќе започнал програма за рехабилитација, а состојбата ќе се проценува ден по ден.