Во вториот круг од гласање во Парламентот, кандидатурата на Карис доби поддршка од 72 пратеника, а биле неопходни 68 гласови. Во гласањето учествуваа 80 пратеници од 101-члениот Парламент.
Законодавниот дом вчера не успеа да избере претседател. Во првиот круг од гласањето, Карис, кој беше единствениот кандидат, беше поддржан од 63 пратеници, наместо потребните 68 гласови. Во второто гласање денеска, Карис, кој повторно беше единствениот кандидат, успеа да го добие потребниот број гласови.
Досегашната претседателка на Естонија, Керсти Калулаид беше избрана на оваа функција во 2016 година.