Франческо (40), пациент во ковид-болницата „ИЦЦ Касалпалоко“, рече дека се противел на вакцинацијата, но дека би се вакцинирал да може да го врати времето наназад.
-Вакцинацијата не влева доверба, но за жал, мора да се вакцинираме затоа што тоа е единствено шт може да помогне во оваа фаза на пандемијата, вели тој за АФП.
-Во болницата, во моментот има 19 пациенти на интензивна нега поради Ковид-19, од кои 17 не се вакцинирани, вели медицинскиот директор Роберто Мецаноте.
-Речиси 90 до 95 отсто од нашите пациенти на интензивна нега не се вакцинирани, вели тој.
Анализата на болниците во септември покажа дека 69 отсто од пациентите заболени со Ковид-19 не биле вакцинирани.
-Повеќето од пациентите на интензивна нега не се вакцинирани. Токму тие се изложени на најголем ризик, состојбата брзо им се влоѓува и им треба интубација и респиратор, вели Мецаноте.
Друг пациент, Салваторе, исто така не се вакцинирал, иако тврди дека ја поддржува вакцинацијата.
-Од човек полн со живот, станав празна вреча без сила во само неколку часа, вели овој 55-годишник.
Рече дека нема трпение за насилните демонстранти кои минатата недела протестираа на улиците на Рим против ковид-пропусниците.
-Кога ќе ги видам тие демонстранти против зелените пропусници, тие не разбираат, тие не сфаќаат, вели Салваторе.
Пропусницата која докажува дека лицето е вакцинирано, да има негативен тест или неодамна да се опоравило од Ковид-19 од вчера е задолжителна за сите вработени на јавни и приватни работни места.
Најавата за воведување на ерката придонесе за зголемување на стапката на вакцинација во Италија, но и предизвика незадоволство.
Повеќе од 85 отсто од постарите од 12 години сега примиле барем една доза вакцина против Ковид-19.
Мецаноте рече дека пациентите имаат различни причини зошто не се вакцинирале, но главно тоа е „стравот дека вакцината е штетна“.
-Во моментот имаме само едно решение за да ја спречиме пандемијата, а тоа е вакцината.