Детската линија „Ало Бушавко“ сведочи за растечка вознемиреност кај малолетниците
Пет случаи на обиди за самоубиство кај деца се регистрирани само во првото тримесечје од годинава. За ова денеска предупреди Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“. Овој пораст е особено загрижувачки, имајќи предвид дека минатата година имало три такви случаи во текот на целата година. Преку телефонската линија за поддршка „Ало Бушавко“, децата самите побарале помош, изразувајќи чувства на страв, гнев и вознемиреност.
Телефонот за деца и млади регистрираа повеќе проблеми меѓу кои врсничко насилство
Причини за детската психичка ранливост: семејни тензии и булинг
Според „Меѓаши“, најчестите причини за нарушеното ментално здравје кај децата се нарушените односи меѓу родителите, особено по развод, булингот од страна на врсници, како и тензичните односи со наставниците. Минатата година над 200 деца побарале психолошка помош преку оваа телефонска линија. Особено е поразителен податокот дека најголем број од нив биле на возраст меѓу 7 и 9 години, при што машките деца се почести повикувачи.
„Меѓаши“ апелира: Детското ментално здравје мора да стане приоритет
Од „Меѓаши“ упатуваат сериозен повик до институциите и целото општество да го третираат менталното здравје на децата и младите како горлив приоритет. Според нив, секое игнорирање или стигматизација на детските чувства може да доведе до долгорочни последици. Потребна е посветеност и разбирање од страна на возрасните, како и континуирана поддршка за децата кои се соочуваат со психолошки тешкотии.
Сѐ поголем број деца во Македонија бараат помош поради емоционални и ментални предизвици. Статистиките од „Ало Бушавко“ се јасен сигнал дека потребна е итна и долгорочна стратегија за заштита на детското ментално здравје.
Извор: Алфа ТВ