Температурите ќе бидат над просекот речиси на целата територија
Македонија се соочува со значајна климатска промена ова лето. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), летото 2025 ќе биде значително потопло и посушно, со температури кои ќе ги надминат многугодишните просечни вредности до дури 3°C во речиси сите региони на земјата.
Јули со највисоки температурни отстапувања
УХМР предупредува дека јули ќе биде месецот со најголемо позитивно температурно отстапување, особено во јужниот и југоисточниот дел од земјата. Според долгорочните просеци (1991–2020), во Скопје просечната јулска температура изнесува 24.7°C, но годинава се очекува таа граница значително да биде надмината.
Значително помалку врнежи – суша е на повидок
Паралелно со повисоките температури, се очекуваат и врнежи под просекот, особено во јули. Исклучок може да бидат планинските региони, каде што постои шанса за локализирани епизоди со обилни врнежи поради засилена конвекција.
ДНЕВНА ТЕМПЕРАТУРА 37 СТЕПЕНИ: Следува период на топло и сончево време
Ризик од екстремно суви периоди и непредвидливи временски шокови
УХМР истакнува дека ќе има периоди со екстремно топло и суво време, проследени со неконтролирани субсезонски варијации кои не се предвидуваат лесно. Затоа, се препорачува редовно следење на метеоролошките извештаи, особено за земјоделци и граѓани изложени на топлотни бранови.
Географски разлики – Гевгелија со највисоки температури
Историски гледано, Гевгелија останува најтопла точка во државата со просечна летна температура од до 26.1°C, додека најниските просечни температури од околу 16°C се измерени во планинските предели.
Извор: Република