По состанокот на Штабот за вонредни состојби не е потврдено дека труење со амонијак е причина за смртта на две лица, од кои едното е пронајдено во близина на местото на инцидентот
Штабот за вонредни ситуации во Пирот одлучи поради истекување на амонијак од оштетениот вагон-цистерна утре да нема настава во основните и средните училишта, нема да работат градинките, а се препорачува и стопирање со работа во фабриките, пред се во индустриската зона.
Градоначалникот на Пирот, Владан Васиќ, за Радио Телевизија Војводина изјави дека „ситуацијата е под контрола“ и дека на пет мерни места во Пирот, концентрацијата на амонијак денеска била „нула“, но на местото на инцидентот таа „се уште е висока. “.
По состанокот на Штабот за вонредни состојби не е потврдено дека труење со амонијак е причина за смртта на две лица, од кои едното е пронајдено во близина на местото на инцидентот.
Како што јави РТВ, одлучено е амонијакот да се пушти од цистерната до крај, бидејќи „се смета дека ќе испари и ќе оди во атмосферата, а беше оценето дека тоа е „наједноставниот начин системот да се испразни”.
Се очекува истекувањето на амонијак од резервоарот да трае најмалку 48 часа, а најмногу три до четири дена.
Товарен воз што превезувал амонијак вчера околу 17 часот и 30 минути излетал од шините на делот од пругата од Пирот до село Станичење, при што четири вагони излетале од шините, а од едната почнала да тече амонијак.
Потоа во здравствениот дом Пирот, како и во Универзитетскиот клинички центар во Ниш се примени повеќе од 50 лица, а едно лице починало откако било примено во болницата Пирот.