Македонија нема систем за барање на исчезнати лица, по примерот на американската алатка Амбер Алерт. Се работи за механизам со кој преку смс пораки, објави на телевизија, известувања на аеродроми, хотели, гранични премини се даваат податоци за исчезнати деца со цел нивно брзо пронаоѓање, пишува Сител ТВ.
Земјава има план да воведе еден ваков силичен модел кој ќе се вика “Најди ме”. Како тој би функционирал?
Oткако ќе се пополнат информациите на веб страната со согласноста која ја дава пријавувачот, но и по проценка на МВР, фотографиите од исчезнатото дете ќе се објавуваат на екраните на банкоматите, во такси компаниите, во ЈСП, на рецепции на хотели, аеродроми, со цел граѓаните да го запомнат лицето на исчезнатото дете и да се пронајде побрзо. Оваа иницијатива ја покрена граѓанската организација „Новинари за човекови права“, со поддршка од Австрија.
Од МВР дадоа поддшка за овој проект но сепак треба да се одредат законските регулативи, како и според која проценка ќе се вклучува алармот за исчезнато дете. Од здружението се оптимисти, дека овој проект би започнал да се применува кон крајот на оваа година.
Во Србија веќе овој систем започна да функционира од октомври и трае 24 часа, така што во медиумите на секој половина час се објавува слика од исчезнатото дете, се испрќаат СМС пораки каде пишува „ПРОНАЈДИ МЕ”, фотографии се објавуваат на автопати, банкомати…Критериумите да се вкучи овој аларм во Србија се, детето да е малолетно, потврда од полицијата дека со вклучување на алармот нема да му се загрози животот, податоци за детето, сомневање дека му е загрозен животот. Ако детето избегало од дома, алармот не се вклучува освен ако има под 13 години. Но сепак клучна улога за одлучување има полицијата.
Слични се критериумите и на најпознатиот американски систем Амбер Алерт, кои постои од 1996 година, а името му е дадено по 9 годишната Амбер Хагерман, која била киндапирана дури возела велосипед, а потоа и убиена.