Албанскиот парламент со 97 гласови „за“ од потребните 84 ги усвои измените на Законот за државјанство, со кое меѓу другото Албанците од Репиблика Северна Македонија и од Косово нема да полагаат испит за познавање на албанскиот јазик и историја.
Овие две измени беа дополнение на веќе предложените од владата, што ги побара министерот за внатрешни работи Таулант Бала.
-Граѓаните на Косово и на Северна Македонија, каде албанскиот е официјален јазик, го зборуваат јазикот како и ние и добро ја знаат нашата историја како ние, да не мора да подлежат на тест за јазик или познавање на историјата. Во оваа перспектива ќе се направи исклучок за земјите каде албанскиот јазик е официјален јазик, рече Бала.
Со измените е предвидено укинување и на други критериуми за негово добивање.
-Од странците повеќе нема да се бара да го знаат албанскиот јазик за да добијат албанско државјанство доколку добиле дете за време на нивниот редовен престој во земјата. Во член 1 од предлог-законот, албанско државјанство можат веднаш да добијат деца на странци родени во ова земја доколку за тоа согласност дадат двајцата родители, иако поседуваат други државјанства, кои легално престојувале на албанска територија. Со досегашниот закон право на државјанство добиваа со наполнети 18 години, се дел од измените.
Право на албанско државјанство можат да добијат и родителите на дете родено во Албанија доколку непрекинато живееле на територијата на земјата најмалку три години, без разлика дали го познаваат или не албанскиот јазик.
Странецот, чие малолетно дете има албанско државјанство, може да поднесе барање за стекнување државјанство со натурализација иако не го исполнува условот за познавање на албанскиот јазик доколку легално и континуирано престојувал на територијата на Република Албанија најмалку три години.
Државјанство ќе се добива и во случаи кога Република Албанија има национален интерес или интерес во областа на образованието, науката, уметноста, културата, економијата и спортот