Бериша најави редовни понеделнични протести

Лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, соопшти дека протести пред Владата во Тирана ќе се одржуваат секој понеделник, „се додека не се урне наркорежимот“.

„На протести и само на протести, немаме друг начин освен да се кренеме и да се соочиме со оваа Влада. Одржливите и масовни протести се единствениот начин што ќе ја архивираат оваа Влада. Албанците денес се повикани на историска мисија да ја соборат диктатурата, што се темели на дрога, криминали, кражба на Албанците“, изјави Бериша.

Тој додаде дека наркорежимите „можат да бидат соборени само како во Непал“.

Обвинувања за избори и фалсификати

Бериша ја обвини Владата за парламентарните избори одржани на 11 мај, тврдејќи дека станувало збор за фарса, што според него било потврдено во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР од 45 страници.

„Ако сме убедени во реалноста, немаме друг избор освен да се спротивставиме со сета наша храброст, сите оние кои сакаат слободен глас, и да се спротивставиме на оваа Влада сè додека не им го вратиме слободниот глас на граѓаните“, рече лидерот на Демократската партија.

Протестот ќе се одржи под мотото:
„Протестирам, за семејството, за економијата, за демократијата“, со што опозицијата сака да ја истакне својата цел за борба против владеењето што го нарекува „наркорежим“.