Полицијата привела лице од Албанија во чие возило биле пронајдени 177 парчиња охридска белвица.
Како што информираат од МВР, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Св.Наум го привеле албанскиот државјанин А.П.(53).
При контрола во патничко возило „фолксваген туран“, со албански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 177 парчиња охридска белвица, кои биле предмет на недозволена трговија од Република Македонија кон Република Албанија – соопштија од МВР.
А.П. е приведен во Полициската станица и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.