Министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија.
Пелеши ќе биде пречекан од министерката Радмила Шекеринска, а по официјалната церемонија со највисоки воени почести, ќе се реализира тет-а-тет средба на двајцата министри и средба на двете делегации.
Двајцата соговорници ќе разговараат за унапредување на билатералната одбранбена соработка, за улогата на двете земји-членки на Алијансата во зацврстувањето на регионалната стабилност и безбедност, како и за унапредување на колективната одбрана во рамки на Алијансата.
Македонија и Албанија, како што велат од Министерството за одбрана, имаат одлични билатерални одбранбени односи, соработуваат на регионално ниво и се сојузници во рамки на НАТО – Алијансата.