По акцијата во градот Љушња, каде беше уапсен и градоначалникот, поради корупција при спроведување тендери, денеска влезе во Министерството за внатрешни работи.
Притворени се девет актуелни и поранешни високи раководители за злоупотреба при спроведување на тендерот за набавка на нови униформи за полициските службеници. Извршен е претрес во службените простории, како во нивните домови. На осум од нив веднаш им е одреден затворски притвор додека еден се наоѓа во домашен притвор.
Меѓу уапсените во акцијата, која следува по неколкумесечна истрага, е и Едлира Наќелари, која пред осум дена беше разрешена од функцијата директорка на секторот за набавки при МВР, како и Фатмир Демнери, еден од директорите во Високиот совет на обвинители.
Притворените во соработка ја злоупотребиле службена должност, меѓу другото и при доделувањето на тендер во 2019 година за период од четири години, вреден 2,8 милијарди лека (25 милиони евра).
За злоупотреба на тендерот прва обвини опозициската Демократска партија