Нејзиниот повратен албум „30“ се продаде во 500.000 примероци за само два дена. Британската поп дива собори рекорди во физички и дигитални изданија.
„30“ е и најпродаваниот винил албум оваа година.
Веднаш по објавувањето на албумот беше јасно дека таа ќе собори рекорди. Адел целосно го засени и повратниот албум на „АББА“.
Првиот сингл од албумот, Easy on me, собори рекорди на „Јутјуб“и на другите стриминг-сервиси.
Видеото за Easy on me било прегледано 51 милион пати во првите 24 часа по неговото објавување. Easy on me моментално има 210 милиони прегледи.