Легендарниот композитор и диригент Александар Џамбазов доби мурал во Скопје. На иницијатива на Општина Центар, муралот го изработија уметниците Драган Китановски-Драш и Марјан Димиќ-Мачка и се наоѓа на зграда на улицата Орце Николов во Дебар Маало, близу кафеаната „Наџак“, објави СДК.
Покрај маестро Џамбазов, со муралот му се оддава почит и на детскиот фестивал Златно славејче, што тој го покрена во 1970 година.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави музички настан на 25 јануари 2024 со кој ќе се одбележи двегодишнината од смртта на Џамбазов.
Минатата година, на ОУ „Коле Неделковски“ беше насликан мурал на Горан Стефановски по повод 70 години од неговото раѓање.