За мене е огромна чест да преседавам со  XVII  Конгрес на ВМРО ДПМНЕ, ги поставиваме темелите за повеќе економија, а помалку корупција, изјави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски на Конгресот за избор на лидер на ВМРО ДПМНЕ.

Јас сум  член на партијата од струдентските денови, за партијата знам од како знам за себе. Во изминатите 4 години  претседателот  Христијан  Мицкоски успеа да ја трансформира партијата, и од валандовскиот конгрес кога се соочуваше со силен политички прогон, блокирани сметки, замрзнат имот, партија која беше стигматизирана, по само 4 години  ВМРО ДПМНЕ е најдобар претставник на македонскиот народ и на сите кои што живеат во Македонија. После 4 години ВМРО ДПМНЕ  е стабилна политичка сила , која што е една од темелните политички сили.  Постојат три бренда кои растат, ХДЗ од Хрватска ,Неа Демократија од Грција  и ВМРО ДПМНЕ од Македонија, изјави Николоски на Конгресот во салата Јане Сандански.