Министерката за култура е навредена од реакциите на јавноста за проектите од национален интерес, „Парада на Гордоста“ и „Прво па женско“ ќе се одржат со 395 илјади денари. И покрај коментари на културните работници и бурата од реакции во јавноста, не ја поколебаа министерка Бисера Костадиновска Стојчевска да го ревидира или повлече контроверзниот конкурс за доделување на пари за проекти од национален интерес. Токму, спротивното таа излезе да ги правда членовите на комисиите за нивните одлуки. Реакции има многу, како на пример тоа дека книгата за љубовта на „Гоце Делчев„ е одбиена, но меѓу одобрените проекти од национален интерес се наоѓаат Парада на Гордоста и феминистичкиот фестивал „Прво па Женско“, и двата финансирани со 395.000 денари.  Таа не знаеше колку пари од колачот се одобрени за многубројните организации и здруженија чија дејност немаат никаква врска со националниот интерес.

„Не во овој момент навистина не знам колку пари се одобрени“, вели министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска

Во однос на партиските врски и концертот на Цветанка Ласкава таа негира дека имало привилегии при одлучувањето на комисијата. Не е првпат ова име да се поврзува со доделени средства, нејзината снаа демантираше дека зела 330.000 евра кои Фондот за иновации и ги додели за проектот наречен „Декорирај ме“.

„Никакви партиски или било ккави врски ен се земени во предвид при одлучувањето. Мислам дека вчера и ЛАскова имаше изјава по ова прашање“, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска

Поради кратење на парите од Министерството за култура згаснува скопскиот џез фестивал „ОФФ ФЕСТ“ и уметничката манифестација Мал Битолски Монмартр. Организаторот на скопскиот фестивал е револтиран од одлуката министерството да им го скрати буџетот на половина за разлика од лани, а детското ликовно студио од Битола за првпат после 55 години постоење нема да ја одржи светската детска ликовна колонија. Министерката ги повикува сите огорчени меѓу кои и организатор на ОФФ ФЕСТ да вложат жалба.

„Дoколку некој олучи да ги врати средствата тоа е нивна лична одлука, секој кој не е задоволен со решението може да вложи жалба во рок од 15 дена, жалбата ќе биде разгледана и ќе биде одлучено“, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Оваа година Министерството за култура располага со буџет од 3 милијарди и близу 800 илјади евра за разлика од лани кога изнесувал 3 милијарди е 985 илјади евра, што е видно намален за 20 проценти. Но, за интердисциплинарните проекти оваа година се издвоени 3 милиони денари повеќе за разлика од лани, односно лани биле одвоени близу 19 милиони денари, а оваа година се одвоени 22 милиони денари.