„Десната рака“ на Али Ахмети Бујар Османи е виден во Белград. Досега никој од ДУИ не го откри мотивот за неочекуваната посета на Османи на српската држава.“ – објави информативниот портал на албански јазик во својата вест со наслов „Бујар Османи во Белград – загатка со кого се сретнал“.

Натаму порталот пишува: Во меѓувреме, додека продолжува загатката, сами по себе се појавуваат овие прашања: Зошто отиде во Белград и кого се сретна таму? Дали бил пречекан од некого од тимот на Вучиќ? Зошто овој функционер на ДУИ отиде во српскиот главен град токму во ова време?

Извор: Експрес