Алијанса за Албанците (АА) донесе одлука за итно исклучување од партијата на Мухсин Арифи. Тој е разрешен и од функцијата претседател на Огранокот Сарај. Тој како директор на Геријатриската болница е осомничен од надлежните органи за земање мито.

Етичкиот кодекс на AА бара политичките претставници да имаат високи стандарди на морален, правен и професионален интегритет, а членовите на раководните структури да постапуваат во согласност со законот, Програмата и Статутот на партијата, избегнувајќи лични финансиски или материјални придобивки. AА нема да толерира никаква злоупотреба, прекршување на законот или на Етичкиот кодекс на партијата. Владеењето со чисти раце не е само слоган, туку морална и политичка обврска за секој член на АА. Довербата на граѓаните се стекнува и се одржува само со посветеност, чесност и интегритет, велат од партијата.