“Минимумот на коректност што го очекуваме од вас е да одговорите дали е валиден или не, договорот потпишан меѓу Алијансата за Албанците и Алтернатива? Ако не, тогаш не ни останува ништо друго освен да ви посакаме успех во вашиот пат, кој за нас е погрешен и во целосна спротивност со вољата што ја изразија граѓаните кои гласаа за коалицијата” – соопшти партијата на Зијадин Села.

Изразувајќи разочарување што го предизвикала Алтернатива кај опозициските гласачи, од Алијанса порачуваат дека тие им остануваат верни во своето понатамошно политичко дејствување, држејќи ги вратите отворени за сите оние за кои е свет дадениот збор пред граѓаните.

“Ја информираме јавноста дека Алијанса за Албанците во иднина добро ќе размисли со кого ќе потпише коалициски договор” – заклучува во својата реакција партијата Алијанса за Албанците.